-->
-->
Уапсени две лица при обид за продажба на хероин во Тетово
-->
Тетовската полиција денеска на дело фати две лица при извршување на продажба на хероин. Акцијата за приведување е изведена на улицата „Боро Вулиќ“ во Тетово.
-Денеска (25 март) околу 10 часот и 30 минути, на улица „Боро Вулиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Д. (48) од Тетово и Р. Н. (48) од тетовско Јажинце. При нивен преглед им бил пронајден хероин, кој О. Д. му го продавал на Р. Н, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени