-->
-->
Уапсени двајца Албанци за извршени десетина тешки кражби во регионот на Врапчиште
-->

Вчера во 22.30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Д.(20) и К.Д.(22), двајцата од Република Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште, информираат од МВР.
При претресот реализиран од 22 до 23 часот, со судска наредба, во просториите во кои тие престојувале, биле пронајдени и одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.
Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар.
По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
