Уапсени директорот на „Дајрект медиа“ и двајца вработени во РТС
Уапсените се сомничат дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената положба, бидејќи со своите постапки го оштетиле буџетот на јавниот сервис.
По налог на Обвинителството за организиран криминал уапсени се директорот на „Дајрект медиа“ Ј.С. (47), како и двајца вработени во маркетингот на РТС, М.Ѓ.Ј. (61) и М.К. (55) поради злоупотреба, објави Танјуг.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, кога ќе бидат сослушани во Обвинителството, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на кривичната постапка.
Со кривичната пријава е опфатена и поранешната директорка во „Дајрект медиа“ Ј.Д. (1975), која се наоѓа надвор од Србија, каде престојува веќе подолг временски период и по неа е распишана потерница.
Уапсените се сомничат дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената положба, бидејќи со своите постапки го оштетиле буџетот на јавниот сервис.
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп