Уапсени четири лица меѓу кои и полицаец за трговија со оружје и дрога

Вчера во 21,40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје. Имено, при извршениот преглед врз патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.К. пронајдено било огнено оружје–непозната марка, со рамка и осум куршуми како и кеса со остатоци од прашкаста материја. Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
