Уапсени 7 полицајци во кратовско, правеле журка сред пандемија

Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика и викање, дознава. Полицајците биле приведени од страна на селаните на кои што им сметало гласната музика.
Станува збор за седум припадници на МВР, кои наместо да ја спроведуваат, со нивното однесување ја прекршиле забраната за собирање и групирање.

На забавата имало околу 15 лица. Полицајците давале отпор при обид за нивно приведување, по што, била ангажирана и Единицата за брзо распоредување. Тие со лисици биле однесени во надлежната полициска станица. За случајот е известено и Обвинителството, кое сега, ќе треба да постапи и да бара тие да бидат казнети за непочитување на мерките.
Припадниците на полицијата со нивното однесување го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик и не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија, дело за кое биле ангажирани да санкционираат периодов доколку било направено од граѓаните, дознава „А1он“.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
