Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Битола, Кочани и кумановско, а по еден во Прилеп и велешко), а еден возач во Скопје управувал возило под дејство на алкохол односно му биле измерени 3,95 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
