Уапсена старица која предводела наркобанда, користеле рецепти за готвење како шифри
Римската полиција ја уапси 70-годишната Бјанка Зарфати, позната под прекарот „тетка Бјанка“.
Како шеф на банда, таа е обвинета за дистрибуција на дрога во северниот дел на Рим, пишува весникот „Ил фато Котидијано“.
Снимки од телефонски разговори откриваат дека членовите на бандата комуницирале едни со други користејќи шифриран јазик, па така тие дрогата ја нарекувале „пржени лепчиња“, „лазања“ или „шпагети со шкампи“.
Кога била уапсена тетка Бјанка се бранела велејќи дека само разменувала кулинарски рецепти.
Бандата била специјализирана за дистрибуција на кокаин, а прислушувањето преку телефон покажало дека се жалат едни на други „дека има малкумина кои сè уште работат сериозно, на стар начин и со кои дадениот збор непорекливо важи“.
Покрај шефицата тетка Бјанка, уапсени се и десетина нејзини соработници, а кај седуммина е утврдено дека добивале месечна парична помош од државата наменета за лица кои немаат никаков или помал приход од минималниот потребан за преживување.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка
-
Предизборен карван на СДСМ во Новаци, Ресен и Битола
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Почина Панчо од „ДНК“, седум месеци се лекуваше од повредите во пожарот
-
Мицкоски за д-р Кузмановски: Професорот има импозантна биографија, тоа што се случи се случи
-
Пелегрини од Скопје - ЕУ ризикува со процесот на проширување
-
Македонија со помош на ЕУ ќе гради национален центар за вештачка интелигенција – „Везилка“
-
Проекти и ветувања на кандидатите за Град Скопје