-->
-->
Уапсен при обид да се приклучи на ИСИС
-->

Турската полиција во Газиантеп уапсила еден јапонскли државјанин кој е осомничен дека се обидел да се приклучи на терористичката организација ИСИС.
Неименуван претставник за АА изјавил дека турските сили за безбедност во рамките на антитеросристичка акција во југоисточниот дел на Турција, особено во зона долж границата со Сирија врши засилена контрола на возилата.
Полицијата го уапсила 24-годишниот М.М кој е државјанин на Јапонија, под сомневање дека сака да се приклучи на ИСИС.

При проверка на мобилниот телефон, утврдено е дека уапсениот подолго време комуницирал со еден член на ИСИС во Сирија. По прегледот на пораките преку телефон и интернет е утврдено дека уапсеното лице изразило подготвеност да се приклучи на терористичката организација.
Осомничениот државјанин на јапонија по налог на дежурен судија е предаден на Управата за мигранти во Газиантеп, а по завршување на неопходните постапки ќе биде депортиран од Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
