Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама

Поранешниот кошаркар на Феникс и Клиперс, Маркус Морис, е уапсен под обвинение за измама, објави „TMZ Sports“.
Според информациите, 35-годишниот Американец е обвинет за кражба на повеќе од 250.000 долари од казино во Лас Вегас.
Во мај 2024 година, Морис примил 115.000 долари од хотелот и казиното „MGM Grand“ користејќи фалсификувани чекови, а еден месец подоцна, на сличен начин украл 150.000 долари од казиното „Wynn Las Vegas“.
Морис беше уапсен на меѓународниот аеродром „Форт Лодердејл-Холивуд“ во неделата. Судот го отфрли барањето на неговите адвокати за кауција.
Морис нема играно натпревар од 2024 година. Неговиот последен НБА клуб беше Кливленд. Тој одигра 834 натпревари во текот на својата кариера, постигнувајќи просек од 12,0 поени, 4,4 скока и 1,5 асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
-

Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
-

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
-

Претпладне Скопје беше најзагаден град во Европа - Се зголемува бројот на пациенти со здравствени проблеми
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
