Уапсен напаѓачот од трговскиот центар во Берлингтон
Американската полиција соопшти дека синоќа го уапсила осомничениот за вооружениот напад во трговски центар во градот Берлингтон, во државата Вашингтон, во кој загинаа пет лица.
Во моментот на апсењето, напаѓачот не бил вооружен и не изговорил ниту еден збор.
Шерифот на округот Ајленд во американската држава Вашингтон, Мајк Холи изјави дека од патролно возило го забележал 20-годишниот Аркан Четин, за кого медиумите наведуваат дека е од турско потекло, во местото Оур Харбор и веднаш го препознал како осомничен.
Вооружен маж во петокот вечерта отвори оган во трговскиот центар „Каскејд“ во Берлингтон, при што на самото место уби четири жени и тешко повреди еден маж, кој подоцна им подлегнал на повредите. Напаѓачот потоа избегал од местото на нападот, а полицијата трагаше по него повеќе од 20 часа.
Засега не е позната причината за нападот, но според ФБИ нема индиции дека станува збор за терористички акт.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст