Македонија
5. February 2019 - 10:46

Уапсен маж од гостиварско: Кај него биле пронајдени кокаин и украдени предмети

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Нaдворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера околу 15 часот, го лишиле од слобода 26-годишниот Х.С. од гостиварското село Речане.

Кај него бил пронајден кокаин.

Во неговото возило „Ауди А 4“, нешто подоцна пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Х.С. задржан е во Полициската станица Гостивар.