Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства во 1998-99 година
Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.
– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.
Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет“ дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година.
Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ.
Ново на Сител
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство