-->
-->
Уапсен гостиварец кој за по 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 клиенти
-->
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно.
СВР Тетово соопшти дека во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
