Уапсен фалсификатор од Прилеп

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ц.(45) поради постоење основи на сомнение за сторени кривини дела „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, како и против правното лице ДППТУ „Теа Флора Евент“-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама за добивање на кредит или друга погодност“. На 15.10.2014 година, истиот склучил договор за добивање неповратни средства од Програмата за самовработување помеѓу АВРМ и правното лице „Теа Флора Евент“ во која е управител во износ од 185.000 денари за набавка на опрема или материјали. Со подигањето на овие средства истиот се обврзал да ги користи наменски согласно бизнис планот, и да обезбедува копии од фактурите и испратниците со кои ги набавувал потребните материјали со тие средства, што истото не го сторил. Понатаму, во текот на 2014 година, правниот субјект склучил договор за дополнително вработување на невработено лице за што подигнал средства во висина од 92.000 денари од АВРМ за што поднел пријава за задолжително социјално осигурување на лицето кое и покрај тоа не било повикано да склучи договор за вработување ниту да отпочне со работа, со што го изгубило правото во рок од 12 месеци да користи средства од Агенцијата, а не можело да користи ни здравствено осигурување.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
