Живот
6. December 2015 - 13:13

Уапсен Бад Вајзер

Полицијата од американскиот град Сент Луис соопшти дека познатата пиварница Бадвајзер имала неповикан гостин, со впечатливо име, јавува Анадолија.

Деветнаесетгодишниот Бад Вајзер бил уапсен поради незаконско влегување и давање отпор при апсење.

Од полицијата соопштија дека момчето било пронајдено во заштитениот дел на пиварницата во четвртокот навечер, по што е притворен и поднесена му е пријава за незаконско влегување.