Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет

Жител на кавадаречко село бил лишен од слобода по пријава за физички напад врз неговата сопруга, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода З.С., на возраст од 43 години од кавадаречко село, постапувајќи по претходна пријава, дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга, при што употребил и метален предмет, појаснија од СВР - Велес.
З.С. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што беше посочено, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера попладне, во 17:40 часот во ОВР - Кавадарци, 57-годишната М.Р. пријавила дека на улица „Клинска“ во градот била физички нападната од А.В..
-Се преземаат мерки за расчистување на настанот, потенцираа од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
