-->
-->
Уапсен 28 годишeн дилер, при претрес пронајдени се дрога и пушка
-->
На 24.03.2025 во 18.40 часот во Виница од страна на полициски службеници од НККР Виница и ПСОН Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко.
При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари. Потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово.
При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава