Македонија
4. April 2023 - 16:32

Уапсен 27 годишник кој влегол во казино со оружје и одзел пари

Денеска (04.04.2023), полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Синѓелиќ, скопско.

Тој се сомничи дека на 30.01.2023 во казино на ул.„Жан Жорес“ со закана со оружје извршил разбојништво, при што одзел пари. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.