Уапсен 21-годишен гевгеличанец, полицијата во неговиот дом пронајде дрога
Денеска (29.10.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишија од слобода Б.А.(21) од с.Миравци, гевгелиско. Имено, по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес на домот кај Б.А., при што се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 1,5 кг, дигитална вага и парични средства за кои постојат основи на сомневања дека потекнуват од продажба на марихуана.
Б.А. е приведен во Полициска станица Гевгелија, а од страна на СВР Струмица - ОВР Гевгелија по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички