Фудбал
26. January 2017 - 14:40

У_21: Во квалификации Македонија во група со Србија, Австрија, Русија,...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски кој заедно со Саша Ќириќ во Нион во седиштето на УЕФА го следеше денешното извлекување изјави дека добиена е група не многу атрактивни, но силни противници.
 
- На прв впечаток групата не изгледа атрактивно, но противниците се силни и квалитетни. Србија која е наш ривал и на ЕП во Полска, Австрија која играше бараж со Шпанија за влез на шампионатот во Полска и Русија која е навистина квалитетна. Но, во секој случај добивме група за ново надигрување со силните европски репрезентации. И претходно кажав дека наша цел ќе биде потврда на квалитетот на игрите од претходниот циклус и конкурентност на теренот со секој противник, без разлика кој е од спротивната страна. Ние за квалификацискиот циклус за ЕП 2019 градиме комплетно нова репрезентација со која повторно ќе одиме чекор по чекор, како и низ претходните квалификации, изјави Милевски.
 
Репрезентацијата на Македонија до 21 година е во групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.
 
Квалификацискиот циклус за ЕП 2019 во Италија започнува на 20. март годинава, а завршува во октомври 2018 година.
 
Само најдобрата селекција има сигурно место на завршниот турнир, а второпласираната ќе игра бараж за пласман.