У-21: Македонија може да го победи Исланд
Со 7 бодови и натпревар помалку во Третата квалификациска група за ЕП 2017 година македонската фудбалска репрезентација до 21 година заостанува само една победа од бараж позициите зад Франција и селекцијата на Исланд која е следен противник на избраниците на Благоја Милевски на 24-ти март во Скопје.
Во нашиот табор се свесни за значењето на овој меч но и за квалитетите на противникот: „Добро ја анализиравме селекцијата на Исланд. Се работи за тим кој го краси извонредна дисциплина на теренот. Играчкиот квалитет и потенцијал се на наша страна, но мораме да бидеме сконцентрирани во текот на сите 90. минути. Мислам дека нема да ни се повтори тој психолошки пад од 15-на минути од првиот натпревар против Исланѓаните кој на чуден начин го загубивме. Мора да имаме агресивен пристап и така ќе биде се додека сум селектор, Македонија ќе игра офанзивен фудбал, без разлика дали играме против Исланд или против Франција“, рече Милевски кој посочи дека играчите ќе мора да ги исполнат сите тактички задачи, да одиграат максимално дисциплинирано и мотивирано за да се оствари целта.
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово