-->
-->
У-18: По вторпат совладан Азербејџан
-->
Репрезентацијата на Македонија до 18 години извојува победа со 2:1 над врсниците од Азербејџан во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу двете селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски".
Противникот подобро влезе во натпреварот и рано во деветата минута поведе со 1:0. Фарид Набијев одлично ја искористи грешката на нашата одбрана и погоди за водство на својата селекција. Во продолжението од мечот, нашите млади фудбалери ги консолидираа своите редови и играа се подобро. Во добри можности за постигнување погодок се најдоа Емил Абаз и Милан Ристовски. Во 39. минута избраниците на селекторот Јетон Несими конечно го скршија отпорот на незгодниот противник. Најдобриот поединец во нашиот состав, Емил Абаз го совлада противничкиот голман за израмнување на резултатот. До крајот на првите 45 минути, Елиф Елмас не искоритсти прекрасна прилика, откако биеше одлично со глава, но неговиот удар ја погоди пречката од голот.
На почетокот на вториот дел брз погодок за младата репрезентација на Македонија. Во 52. минута, Емил Абаз нафрли од позиција на скратен корнер, а Елиф Елмас биеше со глава, овој пат прецизно за предност од 2:1.
До крајот на средбата, видовме по неколку добри можности за двете селекции. Во последните десетина минути од средбата нашиот голман Ристе Јанков заработи директен црвен картон, откако собори еден од противничките фудбалери. Сепак предноста од играч повеќе, Азербејџан не успеа да ја искористи. На крајот, Македонија - Азербеџан 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат