-->
-->
У-18: Голеада и пораз од Финска
-->
Репрезентацијата на Македонија до 18 години беше поразена со 3:2од селекцијата на Финска на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Фудбалерите на Финска први се заканија по голот наЈанков, рано уште во втората минута одлична прилика за гол пропушти Соисало. Македонија во деветтата минута поведе со 1:0. Погодокот за предност на нашата репрезентација го постигна Агон Хани. Противникот брзо го возврати ударот и во 12. минута преку Лингман го израмни резултатот. Во првиот дел Финска пропушти неколку добри можности за постигнување втор погодок. Одлични шанси за гол пропуштија Варманен и Лингман. Избраниците на селекторот Јетон Несими најдобрата прилика ја пропуштија во 41. минута од средбата, Емил Абаз се обиде по индивидуална акција, меѓутоа завршниот удар беше премногу млак, противничкиот голман без посериозни проблеми интервенираше.
Младата селекција на Македонија подобро го отвори вториот дел од средбата. Сето тоа резултираше со погодок за нашите фудбалери и предност од 2:1. Стрелец на голот беше Абаз Емил во 63. минута од натпреварот. Во 68. минута репрезентација на Финска не реализира пенал. Противникот по втор пат на овој дуел успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот на 2:2.Погодокот беше дело на Соисало во 79. минута. Во 88. минута финците направија комплетен пресврт и со погодокот на Лингман издвојува победа од 3:2.
МАКЕДОНИЈА– ФИНСКА 2:3 (1:1)
1:0Агон Хани 9`; 1:1 Лукас Лингман 13`; 2:1 Емил Абаз 63`; 2:2 Микаел Соисало 79`; 2:3 Лукас Лингман 88`;
МАКЕДОНИЈА: Ристе Јанков, Виктор Стојковски (Тодор Тодоровски), Семевад Сефери (Михаил Маневски), Агон Хани (Елиф Елмас), Нехар Садики (Бенџамин Мустафиќ), Медин Бајрами, Емил Абаз (Даниел Миловановиќ), Димитар Митровски (Ердон Даци), Марио Крстовски (Милан Ристовски), Давор Здравковски (Антонио Митрев), Дарко Додев (Шефит Шефити); Селектор: Јетон Несими
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија