-->
-->
У-17(ж): Македонија загуби од Полска во битката за полуфинале
-->

Ракометна репрезентација на Македонија за кадетки денеска беше поразена од врсничките од Полска со 34-20 и не успеа да стигне до толку посакуваното полуфинале на ЕХФ Шампионатот во Италија.
Нашите ракометарки цели 17 минути немаа постигнато гол што беше пресудно за конечниот резултат на мечот.
Во првиот дел, цели 12 минути македонските ракометарки не го најдоа патот до противничката мрежа, а слично нешто (овојпат само 5 минути) им се случи и во вториот дел.
Најпрецизни во македонскиот состав беа Миновска, Петровска и Јанкуловска со по 4 гола.
Македонија групната фаза ја заврши на третата позиција, па сега на шампионатот ќе разигрува од 5. до 8. место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
