Македонија
19. јуни 2026 - 12:30

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти

Штипската локална самоуправа по втор пат распиша јавен повик за доделување на стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општината. Стипендиите ќе бидат наменети за ученици-спортисти, кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови и ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови.

-Се стипендираат постигнатите резултати во индивидуални и екипни спортови за 2025-та година, поточно, постигнати спортски резултати од 01.01 до 31.12.2025-та година. Правилникот предвидува покрај постигнатите спортски резултати, 30% од бодовите кои се добиваат за доделување на стипендиите да бидат врз основа на постигнат успех во образованието. Имено, спортисото да биде успешен и во образованието, Атанас Крстовски, советник.

Стипендиите се поделени во 5 категории. Првата категорија е за освоени 91 до 100 бодови во износ од 7.000 денари месечно. Втора категорија од 81 до 90 бодови, 6.000 денари, трета, од 71 до 80 бодови, во износ од 5.000 денари, четврта категорија 61 до 70 бодови со износ од 4.000 денари и петта категорија за освоени 60 бодови во износ од 3.000 денари.

Сите стипендии се исплаќаат месечно, во времетраење од 12 месеци. Јавниот повик ќе трае заклучно со 26 јуни 2026 година.