Творецот на Членот 50: Велика Британија може да се предомисли
Велика Британија би можела да се предомисли и да се откаже од напуштањето на Европската унија и откако официјално ќе ги покрене разговорите со ЕУ за Брегзит со активирање на Членот 50, изјави денеска Џон Кер, човекот, кој го формулираше овој член во Лисабонскиот договор.
Премиерката Тереза Меј најави дека ќе го активира Членот 50 до крајот на март кога треба да почнат двегодишните преговори за излегување од ЕУ.
- Можете да се предомислите додека трае процесот, рече овој поранешен британски амбасадор во ЕУ за Би-Би-Си.
Во тој период, како што појасни тој, ако некоја земја навистина одлучи дека не сака да ја напушти ЕУ, „сите би биле лути поради губење време“.
- Тие можат да се обидат да ја зголемат политичката цена, но правно гледано, тие не можат да инсистираат на вашата одлука, рече Кер.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија