Македонија
10. February 2016 - 8:23

Твининг проект за ЕУ Директивата за индустриски емисии

Со финансиска поддршка од 900.000 евра од Европската унија (ЕУ) ќе се зајакнуваат капацитетите на македонските институции за транспонирање и примена на новата Директива за индустриски емисии. 

На состанок денеска во Скопје ќе бидат презентирани целите на твининг проектот за зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за Директивата. Проектот почна во октомври лани, а ќе трае до крајот на годинава.

Во тек на проектот предвидена е изработка на закони и подзаконски акти во согласност со Директивата, проценка на економското влијание на нејзината примена, обуки за надлежните институции за издавање дозволи и за операторите на индустриските капацитеи...

Твининг проектот ќе го спроведуваат Агенцијата за животна средина на Австрија како водечки партнер, со Министерството за животна средина и просторно планирање и  македонската Управа за животна средина, главен корисник. 

На состанокот е најавено учество на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, амбасадорите на Австрија и на Шпанија во државава, Ренате Коблер и Рамон Абaроа Каран и директорот на Aгенцијата за животна средина на Австрија, Георг Реберниг.