Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
Со претседателот на Европскиот совет Антонио Кпошта имаме искрени и пријателски разговори, но остануваат разликите околку барањето за уставни измени. Владата останува на својата позиција и нема цена по која ќе го промени ваквиот став, вели премиерот Мицкоски по посетата на брислескиот авторитет.
Мицкоски не очекува промена на ставот и на официјална Софија, но вели дека Македонија ќе победи со аргументи. Она што го гледа како минус на наша страна е тоа што ставот на Бугарија по македонскотот прашање е единствен за разлика од од тука, каде што според него опозцијата ги нарушува македонските позиции. Повика на обединување, коментирајќи дека ова не е спринт, туку битка што треба да се води со разум.
И од владиниот партнер Вреди велат дека доселдна реформска агенда ќе не задржи на европскиот пат.
- „Интеграцијата во Европската Унија е нашата стратешка определба и аспирација на генерации. Посетата на претседателот Кошта е поттик да продолжиме со посветеност во реформите и процесите што ја приближуваат земјата кон европското семејство.“, напишаа од Вреди.
Спроти владините позиции, лидерот на опозциската СДСМ Филипче сметаар дека шпораките на Кошта се јасни и директни и дека тој ја потврдил вистината дека услов се единствнео уставните измени. Повиквуаат веднаш на референдум.
Од опозциската ЛДП пак, исто повикуваат на брзи уставни измени бидејки тоа било побарано и од претседателот на еворпскиот совет, но велат дека тие треба да бидат со одложено дејство, до членствотот во Унијата.
- „Предлогот за уставни измени со одложено дејство не значи отстапување од државните интереси, туку претставува модел кој обезбедува продолжение на европските интеграции и дополнителна сигурност за граѓаните. Во европските документи од преговарачката рамка не постои обврска уставните измени веднаш да стапат во сила, што остава простор за разумно и државничко решение, околу кое може да се изгради поширок национален консензус“, коментираат од партијата на Зајкова.
Мицкоски и Кошта повторно ќе се сретнат уште утре во Тиват каде се одржува Самит на Европската унија за западен Балкан на кој се очекува да се слушат и детали од последниот план на германскиот канцелар Мерц за асоцијативно членство на Украина, но и постепено интегрирање на западен Балкан.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
