Тутунарите бараат за 20 отсто повисоки откупни цени за тутунот
Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија им препорачува на откупувачите за 20 отсто да ги зголемат понудените откупни цени по класи и типови тутун за реколтата од 2018 година заради зголемените трошоци за производство и подобриот квалитет на родот.
Одлуката за препораката, како што рече претседателот на Сојузот Кире Неделковски на прес-конференција, е донесена на вчерашната и денешната седница на Сојузот на кои имало претставници и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Инспекторатот за земјоделство.
- Мислиме дека откупувачите ќе ја прифатат нашата препорака заради зголемените трошоци за производство. Индикатор може да им биде и Владата која за 20 отсто ги зголеми субвенциите. Доколку и тие ја зголемат откупната цена се надеваме дека тутунопроизводителите ќе го зголемат своето производство, рече Неделковски и додаде дека во текот на следната недела ќе побараат од откупувачите да одржат заеднички состанок во Стопанската комора на Македонија.
Тој посочи дека годинава тутунарите се задоволни од проценката за квалитетот на тутунот и од зголемувањето на премијата на 72,5 денари.
- Покачените субвенции ќе придонесат за зголемувањето на квалитетот на тутунот бидејќи се одредени скалесто и секој што ќе произведува поквалитетен тутун ќе добива повисоки субвенции, потенцира Неделковски.
Ланската реколта на тутун беше откупена по просечна цена од 217,5 денари по килограм, а сега тутунарите бараат просечната цена да биде 244 денари.
Ново на Сител
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени