Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство

Ние го прифаќавме лидерството на САД како апсолутно природно, но за нас е исклучително важно нашите партнери во Вашингтон да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство, изјави вечерва полскиот премиер Доналд Туск при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел.
– Лидерството е во ред. Соработката со САД е во ред. Апсолутно сум сигурен дека треба да ги заштитиме нашите односи од сите предизвици и проблеми. Мислам дека денес и Европа треба да биде апсолутно обединета за да ги заштитиме овие односи, рече Туск.
Според него, во овие критични моменти за ЕУ е важно да го одржи единството со своите партнери и пријатели, затоа што тоа единство е навистина непроценливо.
– Не зборувам само за ЕУ, туку и за нашата соработка со Велика Британија, Канада, Исланд, Норвешка. Тоа е единствениот начин да се избегнат овие многу чудни проблеми што ги имаме денес во меѓународната политика, додаде Туск.
МИА
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
