Туск: Сонувам Велика Британија да остане во ЕУ

Претседатлот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека сонува Велика Британија да не ја напушти Европска унија.
- Голем број британски пријатели ме прашуваат дали е можно тоа, а јас им одговарам дека ЕУ е изградена на соништа, кои изгледале недостижни. Кој знае, можеби сонувам, но не сум единствен, посочи Туск алудирајќи на текстот на песната „Imagine“ од Битлси.
Тој осврнувајќи се на последните политички настани во ЕУ, наведе дека „никогаш досега не бил толку убеден дека работите се движат во правилна насока“.
- Повод за внимателниот оптимизам се резултатите од изборите во Бугарија, Холандија, Австрија и Франција, Економијата во ЕУ денес бележи раст во сите 28 земји-членки, невработеноста се намалува, постигнат е договор за долгот на Грција, победуваат проевропските лидери, а нивните противнбици го губат тлото, наведе Туск.
Тој потенцира дека треба да се зачува политичкото единство пред многубројните предизвици.
- Треба да покажеме политичко единство, да ја вратиме контролата врз настаните, кои некогаш не ужаснуваат, наведе претседателот на Европскиот совет.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
