Туск: Проектот „Северен поток 2“ не одговара на правилата на ЕУ

Проектот „Северен поток 2“ не одговара на правилата на Европската унија за диверсификација на доставата на енергенси и ќе ја поткопа улогата на Украина како транзитна земја, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Полска и неколку други држави побараа проектот да биде разгледан на самит во Брисел.
- „Северен поток 2“ ќе го зголеми количеството на руски гас, доставуван директно до Германија, а со тоа ќе се изиграат европските правила за диверсифицирање на доставата на енергенси, извори и маршрути за транзит. Ако биде изграден „Северен поток 2“, со тоа ќе се зголеми зависноста на Европа од еден извор и 80 проценти од доставата на гас ќе биде од Русија. Покрај тоа „Газпром“ ќе има доминантна позиција на германскиот пазар, наведе Туск.
Тој додаде дека низа земји, вклучително Италија и Бугарија не разбираат зошто според нормите на ЕУ „Јужен поток“ е невозможен, а „Северен поток 2“, кој е до Германија е возможен.
- Одлуката за „Северен поток 2“ треба да биде донесена од цела Европа, а не со билатерални преговори на одредени држави до доставувачите на енергетски суровини, посочи Туск.
Германската канцеларка Ангела Меркел наведе дека станува збор за економски проект со учество на приватни инвеститори.
- Украина треба да продолжи да има улога на транзитна земја, потенцира Меркел.
На самитот на Еу прашањето за „Северен поток 2“ беше поставено од италијанскиот премиер Матео Ренци.
- Германија и Холандија инсистираат дека одлуката за „Северен поток“ е трговско прашање, а гледаме дека во него има и значителен политички поттекст, наведе Ренци.
Ново на Сител
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
