Туск: Идеите за „федерална Европа“ само јакнат противници на ЕУ
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повика денеска жителите на Европа да ги заборават идеите за федерална Европа бидејќи тие, како што оцени, само поттикнуваат јакнење на „антиевропски популисти“.
– Нема полоша перспектива за европската економија од триумф на антилиберални и евроскептични политички сили, изјави Туск на состанок на бизнис лидери.
Тој вели дека Европјаните мора да ги напуштат утописките идеи и да преминат на практични активности како на пример јакнење на надворешните граници на ЕУ или доследно финализирање на банкарската унија.
Шефот на ЕУ, Жан Клод Јункер предупреди дека не треба да се бара пообединета Европа.
– Мислам дека на крајот премногу Европа ќе ја убие Европа, изјави Јункер кој важи за поборник за европска федерација во интервју за Шпигел.
– Меѓутоа, точно е и дека премалку Европа би ја убило Европа, додаде тој. Во Британија за три недели се одржува референдум за останување во ЕУ.
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат