Туск: Чекорите на Турција може да водат кон хуманитарна криза
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека Турција мора да сфати дека ЕУ е загрижена дека турската воена операција во Сирија може да доведе до хуманитарна криза.
– Турција мора да сфати дека наша примарна грижа е дека нивните постапки би можеле да доведат до друга хуманитарна катастрофа. И ние никогаш нема да прифатиме да се злоупотребуваат бегалците и со нив да нè уценуваат. Вчерашните закани на претседателот (Реџеп Тајип) Ердоган не се на место, рече Туск.
Турскиот претседател вчера се закани дека ќе ги „отвори портите“ за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одбивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија.
– Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија, изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ.
– Тогаш ќе ги отвориме портите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци, нагласи Ердоган. Тој додаде дека турската воена операција е насочена само кон „елиминирање на теророт“.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение