Туруција донираше возила за албанската армија

Турција донираше 40 возила Фиат ЕГЕА и автобуси за вооружените сили на Албанија.
Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, кој ја прими донацијата, во име на албанската Влада изрази благодарност до турската страна за континуираната поддршка што им се дава на вооружените сили за нивна модернизација и зголемување на оперативните капацитети.
– Оваа помош е многу повеќе од придонес за модернизација и раст на албанските вооружени сили, мобилноста и оперативните способности. Тоа е симбол на тековниот основен однос негуван низ годините на нашата модерна историја. И во денешно време нашите војници заедно работат, тренираат и едуцираат заедно, рече министерот Пелеши.
Тој го спомена фактот дека голем број албански студенти дипломирале на турските воени академии, нарекувајќи го тоа силен столб на соработката меѓу двете земји од 1992 година.
Зборувајќи за безбедносните предизвици, особено по почетокот на руската агресија врз Украина од 24 февруари годинава, министерот Пелеши рече дека „Албанија била и ќе биде секаде каде што е НАТО“.
– Горди сме што го споделуваме нашиот товар во Алијансата. Предизвик за секој од нас е да се справи со напнатата и опасна безбедносна средина. Подготовката за модернизација и развој на воените способности и капацитети треба да биде наш фокус. И поддршката од нашите сојузници и партнери во НАТО е незаменлива во овој поглед, посочи тој.
Амбасадорот на Турција во Тирана, Тајар Каган Атај меѓу другото рече дека оваа помош е јасна манифестација на братските односи меѓу Турција и Албанија.
– Албанија ја гледаме како клучна земја за стабилноста и безбедноста на Балканот и Европа. Ги поддржавме напорите на Албанија на патот на интеграцијата во ЕУ и искрено посакаме да ја видиме како нова членка на Унијата, додаде тој.
На церемонијата на донирање на возилата присуствуваа и началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили, бригадниот генерал Арбен Кинѓи, военото аташе во Турската амбасада Мухамед Келами Каблај и други претставници на албанската армија.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
