-->
-->
Турските власти извршија смена на градоначалници блиски до курдските борци
-->
Турските власти во речиси 25 општини во југоисточниот дел на земјата, каде најголем број жители се Курди, извршија смена на градоначалниците за кои проценила дека ги поддржуваат курдските милитанти и именува нови претставници, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот на провинцијата Дијарбакир.
Во речиси сите, освен четири општини, на власт е Народната демократска партија, која ја поддржува курдската опозиција, се наведува во соопштението.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот изјави дека кампањата против Работничката партија на Курдистан (ПКК), која веќе три децении се бори за автономија на Курдите, е најголема досега и дека смената на државните службеници поврзани со ПКК е клучен дел од борбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законот за локална самоуправа пред пратениците
-
Мицкоски: Тензиите околу црквата во Врапчиште се дел од обидите за дестабилизација
-
Од понеделник новите лекови на позитивната листа ќе бидат достапни за пациентите
-
Законот за заемот од Унгарија е доставен до Собранието, ќе се носи по скратена постапка
-
Јаневска најавува оптимизација на училиштата
-
Нови настани поврзани со традицијата во септември
-
Преглед на вестите од светот
-
И Муцунски оди во Софија