-->
-->
Турските сили ја блокираа базата Инџирлик
-->

Околу 7.000 турски специјалци во оклопни возила ја опколија утрово воздухопловната база Инџирлик што ја користат НАТО и САД, јавуваат турски медиуми.
Турскиот министер за преговори со ЕУ, Омер Челик објасни дека се работи за „безбедносна проверка“, но се појавија и спекулации за нов обид за пуч.
Турскиот весник Хуриет претходно објави дека полицијата во градот Адана, во близина на Инџирлик, добила информација за нов обид за пуч, по што таму се испратени специјалци.
Влезот во базата е блокиран, а на фотографии од граѓани се гледаат специјалци со автоматско оружје и водени топови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
