-->
-->
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул
-->
– Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми.
Имамоглу, клучна опозициска фигура, беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група.
Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и ги забранија сите собири и демонстрации во градот до 26 март.
Наредбата на судијата за притвор денеска дојде во врска со обвинението за корупција.
Ердоган синоќа ги критикуваше протестите во Турција и ја обвини главната опозициска сила дека се обидува да го „наруши мирот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека