Турски пратеници повторно си разменија тупаници
Во комисијата на турскиот Парламент, која го разгледува предлогот на владејачката партија за укинување на судскиот имунитет на народните избраници, денеска повторно се случи хаос.
Пратениците се гаѓале со шишиња со вода, а некои размениле и тупаници, што доведе до прекин на седницата.
За време на дискусиите во комисијата минатиот четврток, исто така, имаше тепачка меѓу пратениците, а на петмина од нив им беше укажана и лекарска помош.
Комисијата расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува започнување на судски процеси против неколку пратеници од прокурдската партија по обвинение за тероризам. Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја обвини прокурдската Демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија (ПКК).
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално