Турски научници предупредуваат за опасност од земјотреси во Истанбул
Турските научници предупредуваат за опасноста од нови силни земјотреси што го загрозуваат Истанбул и реонот на Мраморно море, пишува денеска турскиот весник „Карар“.
Научниците изготвија извештај базиран на студија за активностите во Северноанадолската пукнатина, јужно од Истанбул. Според експертите, можно е во таа област во правец исток-запад да се случи земјотрес со јачина од 7,5, 7,4 и 7,2 според Рихтер.
Во извештајот, експертите забележуваат дека катастрофалниот земјотрес со слична јачина во 1999 година не послужи како лекција, а Истанбул останува неподготвен за евентуален нов земјотрес.
– Превентивните мерки, што беа предвидени во тоа време, не беа реализирани, и пропустите од 1999 година не се отстранети, а целокупната слика стана уште полоша, предупредуваат научниците.
Северноанадолската пукнатина, која е на дваесетина километри од Истанбул, е најактивната во Европа и предизвика неколку силни земјотреси во минатиот век. Последниот силен земјотрес беше на 17 август 1999 година со јачина од 7,4 степени во реонот на Мраморно море, кога загинаа повеќе од 17.000 луѓе, а стотици илјади останаа без дом.
Ново на Сител
-
Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом
-
Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО
-
Тешка сообраќајна несреќа кај кратовско, едно лице го загубило животот, а две се повредени
-
Приведено едно лице по другото се трага, при претрес на нивниот дом најдена е дрога | ВИДЕО
-
Скопјанец возел со 106 км/ч на место каде е дозволено 50
-
УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст
-
Приведен 43-годишник, управувал возило со 3,32 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
ЕК: Путин може да патува во Будимпешта и покрај санкциите и налогот за апсење