Турски истражувачки брод навлегол во грчкиот континентален гребен
Турскиот истражувачки брод „ORUC REIS“ утрово навлегол во грчкиот континентален гребен, движејќи се западно и вон претходно најавениот план, објавија грчките медиуми, кои коментираат дека можеби лошите временски услови се причина бродот да ја смени рутата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од кипарската ексклузивна економска зона, каде што и била најавена пловидбата, турскиот брод се придвижил кон грчкиот континентален гребен, а според грчката државна телевизија ЕРТ, сега се наоѓа на 128 наутички милји јужно од грчкиот остров Кастелоризо и 292 наутички милји од Крит.
Онлајн изданието на весникот „Катимерини“ пишува дека не се забележани нелегални движења, а турскиот брод е под надзор на грчката фрегата „Никифорос Фокас“, која од островот Карпатос заминува кон делот каде што е „ORUC REIS“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата