Македонија
30. јуни 2019 - 10:55

Турски државјанин приведен на Деве Баир

Вчера во 10 часот на граничниот премин „Деве Баир“ приведено е лицето А.Ј.(58) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Рено“ со турски регистарски ознаки, поради сомнение за фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност.

Лицето е предадено на полициски службеници на Полициска станица Крива Паланка.

Се работи на расчистување на случајот.