-->
-->
Турски државјани се обиделе со лажни израелски исправи да заминат од охридскиот аеродром
-->
Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од Обвинителството информираат дека осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година. Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.
Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути