Турски демонстранти бараат затворање на базата „Инџирлик“
Неколку илјади лица одржаа протест пред влезот на воената база „Инџирлик“. што се наоѓа во близна на јужниот турски град Адана, од кој е упатено барање до властите во Анкара за нејзино затворање.
Како што јавија турските медиуми, протестите беа организрани од Здружението на анадолиската младина, а подджано од неколку други невладини организации и од вонпарламентарната исламистичка Партија на среќата (Саадет).
Учесниците на протестот скандираа повеќе слогани, меќу кои и „Инџирлик - центар на пучот“, „Испраќаме порака до пучистичката Америка“, „По ѓаволите Америка“ и „По ѓаволите Израел“.
Медимите јавуваат дека за време на протестот биле изгорени и знамиња на „две странски држави“, без да посочат за кои земји станува збор.
Организаторите на протестот оценија дека базата „Инџирлик“ не служи за заштита на Турција, туку на Израел и дека Американците ја користат за да ги убиваат нивните муслимански браќа во Ирак. Тие тврдат и дека за време на обидот за воен удар во Туцрија на 15 јули, од „Инџилрик“ полетувале авиони-цистерни, кои ги снабдувале со гориво ловците на пучистите.
Базата „Инџилик“ ја користат силите на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, за извршување воздушни напади врз позициите на групата Исламска држава (ИД).
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот