Турски авиони повторно го нарушија грчкиот воздушен простор
Два турски борбени авиони денеска навлегоа во грчкиот воздушен простор меѓу Лезбос и Лемнос и летаа над островите Фурни на висина од 8.900 стапки.
Инцидентот се случил во исто време кога грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со хеликоптер бил во посета на островите во овој дел на Егејското Море.
Ова нарушување на грчкиот воздушен простор се случува еден ден откако Турција се вмеша во радио врската на воените хеликоптери кои го превезуваа Павлопулос на неговата турнеја по грчките острови.
Според грчки воени извори, пилотите што летале со хеликоптерите „Чинук“ и „Хуи“ добиле пораки од турските вооружени сили дека летаат во демилитаризирана зона каде што се забранети такви летови. Како што е вообичаено во такви случаи, грчките пилоти не реагирале на повиците од турската страна.
Нарушувањето на грчкиот воздушен простор од страна на турски авиони не е реткост, но за овој пат се верува дека вчерашните пораки се индиректен одговор на неодамнешните коментари на Павлопулос за Турција, коменитраат грчките медиуми.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот