-->
-->
Турската полиција трага по тројца членови на ИД, кои го држат синот на напаѓачот од „Реина“
-->
Турската полиција трага по тројца членови на ИД, за кои се претпоставува дека го чуваат четиригодишниот син на напаѓачот од ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, кој на новогодишната ноќ уби 39 лица.
При распитот во полицијата Абдулгадир Машарипов постојано прашувал за неговиот син, наведе „Хабертурк“.
Напаѓачот пред истражителите открил дека додека бил во Силиври, кај него дошол човек кој го одвел неговиот син.
„Те бараат насекаде, ќе го земам детето, а кога ќе избегаш ќе и ти го вратиме“, му објаснил тој.
Се води операција за пронаоѓање на наводниот член на ИД, како и на уште двајца џихадисти осомничени за поврзаност со нападот на Нова година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани
-
Трамп оваа недела очекува резултати од мировниот план за Газа
-
Јувентус и Милан ремизираа, Пулишиќ промаши пенал
-
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка, најмногу дожд во Крушево
-
Аеродромот во Осло привремено ги прекина летовите поради забележани дронови
-
Украинците го погодија Белгород, градот со 320.000 жители остана без струја
-
Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија
-
Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк