Турската лира зајакна за шест отсто
Турската национална валута се стабилизира по неколкудневниот пад на курсот, кога достигна рекорни мининални вредности, по што денеска забележа раст од шест проценти.
Денеска еден американски долар според официјалниот курс се менува за 6,55 турски лири.
Вчера во еден момент доларот достигна рекордна вредност од 7,24 лири, но турската национална валута потоа зајакна по објавувањето на мерките на Централната банка на Турција за обезбедување „целосна ликвидност“ на банкарскиот сектор.
Турската лира од почетокот на годината загуби околу 40 проценти од својата вредност, што според експертите, е резултат на обидите на Владата на Турција да воспостави контрола врз монетарната политика на земјата, но и на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, пособено по одлуката на САД за двојно зголемување на царините за увоз на некои турски стоки.
Ердоган изминативе денови во неколку наврати ги повика Турците да ги замента своите заштеди во евра и долари за лири, со што би придонеле за зајакнување на вредноста на националната валута.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР