Турската крајбрежна стража пресретна чамци со мигранти
Турската крајбрежна стража соопшти денеска дека пресретнала околу 60 мигранти во чамци во Егејското Море меѓу Турција и Грција.
Мигрантите, меѓу кои имало и Сиријци, се доведени во станица на крајбрежната стража во провинцијата Измир во западна Турција.
Европската унија оваа недела почна да ги враќа мигрантите назад во Турција во рамки на договорот со официјална Анкара, кој има цел да се ограничи неконтролираниот прилив на бегалци и мигранти во Европа.
Во Турција во понеделникот од грчките острови Лезбос и Хиос се испратени 202 мигранти од 11 земји. Истиот ден турската крајбрежна стража во Егејското Море пресретна 155 мигранти. Истовремено, повеќе десетици Сиријци, кои се наоѓаа во Турција, беа префрлени со авиони во Германија, Финска и Холандија.
Во согласност со договорот меѓу ЕУ и Турција за секој мигрант кој ќе биде вратен од ЕУ во Турција, Унијата треба да прими еден Сириец од Турција.
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија