Турската армија го држи под опсада градот Африн

Турската армија и нејзините сојузници од Слободната сириска војска го држат под опсада северниот сириски град Африн, упориште на курдските милиции, соопштија денеска турските воени власти.
- Во рамки на нашите операции, градот Африн од вчера, 12 март 2018, е под опсада, се наведува во соопштението на турската војска, објавено од Анадолија.
Војската ги зазеде „критичните точки“ на градот, се наведува во соопштението, без да се наведат конкретни детали.
Илјадници лица од вчера почнаа да бегаат од Африн во моментите кога турските сили се приближуваа кон градот и се упатија кон блиските области кои се под контрола на сириската Влада.
Градот Африн е главна цел на офанзивата која Турција ја почна на 20 јануари против курдската милиција и нивните Единици за заштита на народот. САД ја поддржуваат курдската милиција во Сирија, но Турција ги смета за терористи, односно за продолжена рака на курдските бунтовници кои се борат во Турција.
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени
-

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово
-

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
