Турната и фрлена во океанот статуа на Колумбо во Балтимор
Демонстрантите во Балтимор во текот на ноќта ја собориле статуата на Кристофер Колумбо и ја фрлиле во Атлантскиот океан.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека демонстрантите користеле јажиња за да ја турнат статуата во близина на квартот Мала Италија, а потоа делови од неа фрлиле во вода.
Американските медиуми наведуваат дека статуата била поставена во 1984 година и е во сопственост на градот.
За време на протестите заради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на полициско приведување, цел на напади беа статуите на Колумбо и други личности од времето на колонијализмот.
Тие наведуваат дека славниот истражувач е одговорен за геноцидот и експлоатацијата на домородците во Северна и Јужна Америка.
Статуите на Колумбо досега се урнати или вандализирани во неколку американски градови, вклучувајќи ги Мајами, Бостон, Ричмонд и Сент Пол.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка